За разлика од претходните тренери кои на Камп Ноу носеа играчи за врска и напаѓачи, новиот тренер на Каталонците Ернесто Валверде реши да го зајакне најслабиот дел на тимот на Барселона.
„Тутоспорт“, медиум близок до Јувентус, наведува дека Барселона е фаворит за доведување на Леонардо Бонучи. Италијанскиот одбранбен фудбалер имаше понуди од Челзи и Манчестер Сити, но ги одби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекува Каталонците за доведување на Италијанецот, кој во мај наполни 30 години, на Јувентус да му понудат меѓу 50 и 70 милиони евра.
Бонучи би бил огромно засилување во одбраната на каталонскиот тим, а посебно би му се израдувал Џерард Пике, со кого би играл во тандем.