Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Златко Далиќ истакна дека е задоволен со ждребот за гурпите за Светското првенство.
Хрватска на Мундијалот ќе игра во група со Белгија, Канада и Мароко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во главно сум задоволен, но не смееме никого да потцениме. Ја добивме Белгија која долго време беше прва репрезентација во светот на ФИФА листата. Тука е и Канада која заврши како прва во финалната група пред САД и Мексико. Мароко е помеѓу најдобрите репрезентации во Африка, а го води Вахид Халихоџиќ кој сите добро го знаеме“, изјави Далиќ.
Сепак истакна дека неговата репрезентација мора да ја помине групата.
„Ќе одиме чекор по чекор и ќе размислуваме натпревар по натпревар, но групата мораме да ја поминеме“, изјави Далиќ.
Ќе потсетиме Светското првенство ќе се игра од 21. ноември до 18. декември.