Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Далиќ со една изјава ги налути Англичаните, па доби брз одговор

Далиќ со една изјава ги налути Англичаните, па доби брз одговор

Со денешниот натпревар помеѓу Хрватска и Албанија започнува второто коло од групната фаза на Европското првенство, а пред овој дуел реакции предизвика изјавата на хрватскиот селектор, Златко Далиќ.

Далиќ на прес-конференцијата пред натпреварот се пожали дека неговата репрезентација нема доволно почит од јавноста и како пример ја даде репрезентацијата на Англија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Покрај Франција не знам која друга репрезентација прави добри резултати во континуитет. Хрватска заслужува поголема почит и тоа секогаш го велам. Англија има еден медал во 58 години и тој е златен, но ние сме храбри и боребни, доказ се нашите навивачи во Берлин“, изјави Далиќ,

Набрзо по неговата изјава се огласија од познатиот британски медиум „Гардијан“ порачувајќи му на Далиќ дека нивната репрезентација освен златниот медал во 1966 година има уште сребро од последното Европско првенстгво и бронза од Лигата на Нации во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…