Дома Останати Кошарка Далас прави голем гест во чест на Дирк Новицки

Далас прави голем гест во чест на Дирк Новицки

Далас Маверикс екипата во која Дирк Новицки ја помина целата своја НБА кариера на почетокот на 2022 година ќе го повлече дресот со број „41“.

Овој голем гест Далас ќе го направи на мала церемонија во домашниот меч против Голден Стејт кој се игра на 5. јануари.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Новицки во Далас држи повеќе рекорди како: Бројот на одиграни минути, постигнати поени, одиграни натпревари, скокови, блокови и постигнати тројки. Во 2011 Новицки го предводеше Далас до единствениот шампионски прстен на оваа екипа, таа година ја освои и МВП наградата во финалето.

Од професионалната кошарка се пензионираше по сезоната 2018-2019 и ќе остане запаметен како еден од најдобрите странски играчи во најсилната кошаркарска лига на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Адетокумбо е незапирлив – го надмина Мајкл Џордан!

Грчкиот кошаркар и лидер на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо, заедно со ѕвездата на Лос Анџе…