Дома Фудбал Италија Даглас Маикон повторно ќе игра фудбал во Италија

Даглас Маикон повторно ќе игра фудбал во Италија

Поранешниот дефанзивец на Монако, Интер, Манчестер Сити и Рома се врати во Европа.

Уште во 2016 година Маикон ја напушти Европа и се врати во Бразил, а сега четири години подоцна ќе игра во екипа од четвртата лига во Италија.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Неговиот нов клуб се вика Сона и овој 39 годишен фудбалер очигледно не се откажува од европскиот фудбал, иако се очекуваше да ја заврши кариерата.

Неговата кариера е навистина успешна, шест години беше во Интер, а настапуваше уште за Монако, Сити и Рома.

Може да се пофали дека ја освои Лигата на шампионите, четири пати беше шампион на Италија, два пати го освои Купот на Италија, три пати Суперкупот на оваа земја, сето тоа како играч на Интер. Со Бразил освои две титули во Копа Америка.

Eден од најубавите голови во неговата кариера Маикон го постигна во дербито против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…