Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста оваа сезона е на позајмица во Баерн Минхен, но јасно е дека нема да остане на „Алијанц Арена“.
Тренерот Ханзи Флик не му дава голема минутажа оваа сезона, а Даглас Коста изјави дека сака да се врати во Италија, каде има договор на уште една година со Јувентус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Би сакал да се вратам во Италија, земја која исклучително ја ценам. Ќе видиме што ќе се случи, имам уште една година договор со Јувентус“, изјави Коста.
За Бразилецот интерес покажуваат Милан и Рома, а тој самиот не крие дека преферира да остане во Серија А.