Дома Фудбал Останато Проблеми за поранешниот фудбалер на Баерн и Јувентус: Судот издаде налог за негово апсење!

Проблеми за поранешниот фудбалер на Баерн и Јувентус: Судот издаде налог за негово апсење!

Екс-фудбалерот на Јувентус и Баерн Минхен, Даглас Коста се соочува со проблеми со законот откако Судот во Рио Гранде издаде налог за негово апсење.

Причината за донесувањето на ваквата одлука на Судот е одбивањето на Коста да плаќа алиментација на поранешната сопруга. Според бразилските закони фудбалерот може да добие затворска казна од една година.

Адвокатите на Бразилецот најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката и за брзо време се очекува епилог од целата драма.

Коста покрај Баерн и Јувентус во кариерата играше уште за Гремио и Шахтјор, а во овој момент е фудбалер на Лос Анџелес Галакси од МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за навод…