Дома Трансфер зона Давид Силва се сели во Серија А

Давид Силва се сели во Серија А

Давид Силва се збогува со Манчестер Сити откако му истече договорот и сега е слободен агент.

„АС“ пренесува дека 34-годишниот Шпанец е во преговори со Лацио и би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Силва има понуди од САД, но сака се уште да остане во Европа, па е спремен да ја прифати понудата на италијанскиот клуб.

Лацио после 12 години обезбеди пласман во Лигата на шампиони и сака да донесе една голема ѕвезда, па смета дека Давид Силва би бил идеален и ќе му донесе искуство на тимот.

Италијанскиот клуб е спремен да му понуди едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…