Дома Останати Кошарка НБА Дабл-дабл со 49 поени за Дончиќ во победата со Њу Орлеанс 🎥

Дабл-дабл со 49 поени за Дончиќ во победата со Њу Орлеанс 🎥

Џоел Ембид и Лука Дончиќ ја одбележаа изминатата в ечер во НБА лигата.

Ембид во победата на Филаделфија против шампионот оствари учинок од 42 поени, 14 скокови и 4 асистенции. Успеа Филаделфија да прокоцка и предност од 15 разлика, но сепак на крајот дојде до победата. Во редовите на Милвоки Јанис Антетокумпо стигна до дабл-дабл од 32 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Џејмс Харден е повреден и се уште чека за деби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Насловните на страни на Ембид сепак му ги украде Дончиќ. Страшен натпревар одигра Словенецот со 49 поени, 15 скокови и 8 асистенции. Пеликанс едноставно немаа решение за него. Во втор план го остави Меколум со 38 поени. Засилувањето од Портланд од доаѓањето на југот во три натпревари постигна 30+ поени, но со него Пеликанс имаат скор од 1:4. Следи пауизата поради Ол-Стар, а следниот петок Далас игра во Јута.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мајами 107:111 пп

Бруклин – Вашингтон 103:117

Њу Орлеанс – Далас 118:125

Милвоки – Филаделфија 120:123

ЛА Клиперси – Хјустон 141:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…