Дома Фудбал Англија Гундоган останува верен на Манчестер Сити

Гундоган останува верен на Манчестер Сити

Германскиот интернационалец Илкај Гундоган најверојатно ќе ја продолжи верноста со Манчестер Сити.

32-годишниот плејмејкер и понатаму е еден од најважните играчи на Сити, но неговиот договор со „граѓаните“ истекува на крајот на сезоната.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Менаџерот Пеп Гвардиола не сака да се откаже од него и клубот ќе му понуди продолжување на соработката до 2025 година.

Финансиските детали се уште не се објавени, но Гундоган бил задоволен од понудата и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

За него интерес покажуваше и Баерн Минхен, но Германецот преферира да остане на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб –…