Дома Фудбал Останато Гундоган: Моментот кога требаше да му соопштам на Пеп дека заминувам, беше најтешкиот телефонски повик во мојот живот

Гундоган: Моментот кога требаше да му соопштам на Пеп дека заминувам, беше најтешкиот телефонски повик во мојот живот

Илкај Гундоган вчера и официјално беше претставен како ново засилување за Барселона, откако одлучи да си замине од Манчестер Сити по седум години.

Германскиот фудбалер за врска призна дека моментот кога требало да му соопшти на Гвардиола дека заминува бил еден од најтешките во неговиот живот. Гундоган си заминува од Манчестер Сити по сезоната во која беше еден од најзаслужните што овој тим ја освои тројната круна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Моментот кога требаше да му се јавам на Пеп Гвардиола и да му кажам беше најтешкиот телефонски повик кој го имав во мојот живот. Морам да му се заблагодарам за се што направи, не само за оваа сезона, туку од самиот почеток“, изјави Гундоган.

Се потсети Германецот и на повредата поради која можел трансферот да не се реализира.

„На крајот од сезоната во 2016 го повредив коленото и требаше да одам на операција. Тогаш мислев дека Сити може да се откаже од трансферот, но Пеп ми се јави и ми кажа дека ќе чека да заздравам колку што е потребно“, се потсети играчот за врска.

Епизодата во Барселона Гундоган ќе ја започне за две недели кога каталонскиот клуб ќе ги стартува подготовките за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Варди претставен во Италија, откри и дека идол му е легенда на Јувентус

Џејми Варди направи трансфер во Кремонезе, а вчера и пристигна во Италија каде што беше пр…