Дома Македонски спорт Грчевски го објави списокот на ракометарки за натпреварите со Азербејџан и Литванија

Грчевски го објави списокот на ракометарки за натпреварите со Азербејџан и Литванија

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари Европското првенство 2024 година.

Европското првенство ќе се оддржи во три држави и тоа: Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28.11 – 15.12.2024 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.

Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10, а потоа следи натпревар на гостински терен против репрезентацијата на Литванија на 15.10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…