Дома Фудбал Останато „Гробарите“ во поход да ја преземат трибината, завршија КРВАВИ и ГОЛИ (ФОТО)

„Гробарите“ во поход да ја преземат трибината, завршија КРВАВИ и ГОЛИ (ФОТО)

Фудбалерите на Партизан и Црвена Звезда вечерва ремизираа 1:1 во рамки на 22. коло во српското првенство, а овој меч го одбележаа и нередите на јужната трибина каде беа сместени домашните навивачи.

Имено, кон средината на првото полувреме дојде до пресметка на трибината, за што пишавме предмалку. Жестокиот дуел помеѓу навивачите траеше десетина минути, а потоа реагираа и специјалците кои изнесоа од стадионот крвави навивачи за кои во прва прилика се чинеше дека се навивачи на Звезда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, српските медиуми пренесуваат дека сепак се работи за дел од навивачката група „Гробари“. Имено, до жесток судир дошло кога групата се обидела да ја преземе власта на трибината, но тоа не им успеало. На крајот крвави и голи го напуштија стадионот на својот омилен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арс…