Ракометниот клуб Охрид го официјализираше новото засилување – нов член на клубот кој има големи амбиции за следната сезона е Живан Пешиќ.
Во прашање е искусен кружен напаѓач кој во Охрид доаѓа од редовите на Војводина. Според најавите 30-годишникот треба да биде сериозно засилување на линијата од шест метри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Навистина се чувствувам привилегирано што имам можност да сум дел од Охрид и овој проект. Верувам дека ќе ги оствариме поставените цели. Исто така за мене е чест што ќе можам да работам со тренер како Стевче Алушовски кој има така големо искуство. Во новата сезона сакаме уште подобри резултати од актуелната“, порача Пешиќ на промоцијата.
Покрај Војводина Пешиќ го носеше дресот на Веспрем, Адемар Леон, Нексе, Целје и Војводина.