Дома Трансфер зона Гринвуд блеска, Јунајтед не го сака: Серија А следна дестинација?

Гринвуд блеска, Јунајтед не го сака: Серија А следна дестинација?

Мејсон Гринвуд (22) го направи потегот на кариерата кога по обвинувањата за силување и насилство врз неговата девојка одлучи да се пресели во Гетафе.

Гринвуд за Гетафе игра како позајмен фудбалер и се уште е член на Манчестер Јунајтед, а во Шпанија ја пронајде вистинската форма бидејќи на 35 натпревари постигна десет гола и подели шест асистенции. Со таквата форма тој привлече внимание од други клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последен во низата се споменува е Наполи, под услов Виктор Осимен да го напушти Неапол во претстојното лето, што не е нереално сценарио.

Нигериецот го бараат многу клубови од Островот, еден од нив е Манчестер Јунајтед, па италијанскиот тим би можел да направи поволен договор со кој под поволни услови би го добил Гринвуд, бидејќи во Манчестер не се расположени да го вратат без разлика што обвинувањата кон него беа отфрлени.

Постои опција и во наредната сезона да остане во Гетафе исто така како позајмен фудбалер, меѓутоа во Јунајтед повеќе сакаат да заработат на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…