Дома Фудбал Англија „Грилиш е Меси со десна нога“

„Грилиш е Меси со десна нога“

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез е воодушевен од својот соиграч Џек Грилиш и го спореди дури и со Лионел Меси.

Мартинез брани одлично од доаѓањето од редовите на Арсенал. Сезонава тој важи за еден од најдобрите голмани во лигата. Своевремено тој беше дел и од репрезентацијата на Аргентина каде што одблиску можеше да го види Лионел Меси.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Грилиш е најталентираниот фудбалер кој сум го видел. Никогаш не ја губи топката. Кога ќе тргне напред, секогаш успева да направи нешто, асистира, шутира, изнудува корнер…Знае лесно да се ослободи од неколку играчи. За мене тој е Меси со десна нога, како и на Лео никој не може да му ја одземе топката“, изјави Мартинез за британските медиуми.

Инаку, се погласно се зборува дека Грилиш ја игра последната сезона во Вила. Претходно многу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо мака мачи, против третолигашот вечерва речиси и да не можа да ротира

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва ќе се соочат со третолигашот Талавера во рамките на Куп…