Големи превирања се случиваат во Барселона, каде денес беше уапсен поранешниот претседсател Хозе Марија Бартомеу.
Лионел Меси на крајот на сезоната најверојатно ќе си замине како слободен агент, а медиумите тврдат дека на излезна врата е и Антоан Гризман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, поради лошата финансиска ситуација Барселона ќе биде приморана на лето да го продаде Французинот.
Клубот веќе ја поставил цената е ќе го пушти Гризман за само 60 милиони евра, што е половина од сумата која ја платија за него пред две години.
Гризман има голема плата и каталонскиот клуб сака да се ослободи од него, а најсилен интерес за Французинот покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
Се претпоставува дека Гризман нема да биде единствената ѕвезда која ќе си замина од Барса, па сигурно не чека бурно лето на „Камп Ноу“.