Гризман ова лето беше мета на трансфер шпекулации кои го поврзуваа со Барселона, но Французинот сепак одлучи да остане во Атлетико Мадрид и да го продолжи договорот.
Меѓутоа, Гризман сега повторно ја разранува јавноста со нова изјава и вели дека е спремен да се пресели во Мајами во тимот на Дејвид Бекам.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Ако Бекам сака да ме види во неговиот тим, јас ќе дојдам. Сакам да ја завршам кариерата во МЛС, па ќе видиме дали во Мајами или Лос Анџелес. Ми се допаѓа американскиот менталитет и начинот на кој се способни да направат шоу“, изјави Гризман.
Французинот посакува да ја заврши кариерата во МЛС лигата, па Бекам сега знае дека може лесно да дојде до големата ѕвезда.