Антоан Гризман го презема својот дел од одговорноста после елиминацијата на Атлетико Мадрид од ЛШ.
Гризман и друштвото во Торино беа прегазени со 3:0. Кристијано Роналдо со хет-трик го реши победникот, а во Атлетико се видно разочарани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знаевме дека ќе биде комплицирано. Во првиот натпревар одигравме совршен натпревар. Тоа не го повторивме сега. Се чувствувам виновен, тоа не беше мој ден.“ – изјави Гризман и додаде:
„Се уште верувам во овој клуб. Кристијано Роналдо? Тој е голем играч. Знаеме дека може да направи разлика во секоја игра. Сакавме да го чуваме, но вечерва се одеше наопаку.“
На Атлетико му останува надежта дека ќе ја престигне Барселона во домашното првенство, а Шпанија сега има само еден претставник во четвртфиналето во ЛШ.