Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман изјави дека сака неговиот клупски статус да биде решен пред почетокот на Мундијалот во Русија.
Французинот има договор со Атлетико Мадрид до 2022 година, но се поизвесно е дека ќе го напушти клубот ова лето и најверојатно ќе се пресели во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да отпатувам во Русија без било какви грижи. Сакам да знам каде ќе играм и на кој клуб му припаѓам. Без разлика дали ќе останам во Атлетико или не, тоа мора да биде решено пред Светското првенство. Ако не биде решен мојот клупски статус сите ќе ме прашуваат само за тоа и нема да бидам смирен“, изјави Гризман.
Гризман во договорот со „јорганџиите“ има откупна клаузула од 100 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат. Сепак, шпанските медиуми се сигурни дека Французинот веќе ја избрал Барселона.