Дома Трансфер зона Гризман прифаќа помалку пари само за да игра во Барселона

Гризман прифаќа помалку пари само за да игра во Барселона

Напаѓачот на мадридски Атлетико, Антоан Гризман е блиску до трансфер во редовите на големиот ривал Барселона.

Французинот веќе со месеци наназад се поврзува со каталонскиот великан, а како што стојат работите, трансферот на крајот ќе се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гризман се уште не сака да ја објави одлуката за трансфер. Најави дека ќе одлучи пред почетокот на СП, но каталонски Спорт тврди дека со Барса е се завршено.

Наводно, францускиот фудбалер прифатил и помала плата за да и олесни на Барселона. Моментално во Атлетико заработува 220.000 евра неделно, но 27-годишниот играч на Камп Ноу ќе заработува помалку. Цифрата сеуште не е позната.

Сепак, се ќе може да се надополни со бонуси. Головите добро ќе му се исплатат и сигурно ќе има мотив повеќе да се докаже во каталонскиот дрес.

Гризман е член на Атлетико од 2014 година. Пристигна од Реал Сосиедад за 30 милиони евра, а цената за која тимот од Мадрид ќе го продаде е околу 100 милиони евра.

Оваа сезона Французинот одигра 38 натпревари, а постигна 23 гола и 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…