Дома Фудбал Гризман за првиот гол на „Камп Ноу“ подготвува нешто специјално

Гризман за првиот гол на „Камп Ноу“ подготвува нешто специјално

Францускиот напаѓач Антоан Гризман ова лето направи трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона.

Барселона за ангажман на Гризман ја плати неговата откупна клазула која изнесуваше 120 милиони евра и така го доведе најзвучното засилување во досегашниот преоден рок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонците се убедени дека Гризман ќе биде полн погодок и ќе ја оправда големата сума која Барселона ја вложи.

Големи очекувања од својата нова авантура има и самиот Гризман која најави дека подготвува нешто специјално за првиот гол кој ќе го постигне на „Ноу Камп“.

„Подготвувам посебна прослава на „Камп Ноу“ се надевам дека се ќе испадне како што планирам“, изјави Гризман, но не сакаше да открие повеќе детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…