Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Гризман во четвртфиналето ќе игра против – кумот на неговата ќерка

Гризман во четвртфиналето ќе игра против – кумот на неговата ќерка

Франција во најдобриот осминафинален натпревар досега на Мундијалот ја победи Аргентина со 4:3 и така обезбеди место во четвртфиналето каде што ќе се сретнат против селекцијата на Уругвај.

Четвртфиналето против Уругвајците ќе биде посебен натпревар за еден од најдобрите играчи на Франција, Антоан Гризман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Гризман на оваа средба ќе игра против кумот на неговата најмала ќерка – Диего Годин.

Оваа информација ја потврди самиот напаѓач.

„Диего е мој многу добар пријател, со него се дружам и на теренот, но и надвор од него. Колкаво е нашето пријателство доволно зборува тоа што тој ја крстеше

мојата најмала ќерка. Овој натпревар ќе биде емотивен за мене. Освен што Диего е мој пријател, Уругвај е земја која навистина ја почитувам“, изјави Гризман.

Натпреварот помеѓу Уругвај и Франција се игра во петок со почеток во 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барселона го прегази Њукасл на исклучителен начин

Барселона се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го порази Њукасл …