Доминик Тим, победникот на УС Опен од 2020 година сериозно размислува да ја заврши играчката кариера.
Некогаш третиот тенисер во светот доживеа две тешки повреди во 2021 година, прво коленото, а потоа и зглобот на десната рака. Потоа се врати на тенисот, меѓутоа никогаш повеќе не беше оној истиот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Поминаа две години од кога се врати по повредата. Мислам дека 2022 година ја завршив на 100 место, а 2023 на 98. Ако и оваа година немам напредок, морам да размислам дали сето ова има смисла“, изјави 30-годишниот Тим.
Во меѓувреме тој го отпушти тренерот и работи со неговиот татко Волфганг, а веќе најави дека ќе ги пропушти Мастерсите во Индијан Велс и Мајами за да игра на челенџер на земја.
Тим покрај титулата во Њујорк играше уште три грен-слем финалиња на кои губеше од Ѓоковиќ на Австралија Опен во 2020 и Надал на Ролан Гарос во 2018 и 2019 година. Во кариерата освои 17 титули.