Поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи, Греам Потер би можел да добие нов ангажман.
Потер го напушти Челзи пред година и пол, оттогаш го поврзуваа со бројни клубови како Кристал Палас, Ајакс, дури и со клупата на англиската репрезентација, но до конкретни преговори не дојде.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Потер сега го следи расплетот на ситуацијата во Евертон и е подготвен да ја седне на клупата на овој тим во случај на отказ на Шн Дајч.
Евертон е изедначен на последното место во Премиер лигата со Вулверхемптон со само еден освоен бод и гол разлика 5:14.
Во следното коло Евертон го пречекува Кристал Палас, па останува да видиме што ќе се случи во случај на нов меч без триумф…