Дома Фудбал Англија Грем Потер добил понуда од клубот кој е пред испаѓање од Премиер лигата

Грем Потер добил понуда од клубот кој е пред испаѓање од Премиер лигата

По вчерашното реми со Њукасл, Лестер е многу блиску до преселба во Чемпионшип, а поради испаѓањето ќе има промена и на тренерската позиција.

На „Кинг Пауер“ сега покажале желба да го доведат поранешниот менаџер на Челзи, Грем Потер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потер на самиот почеток од сезоната го замени Тухел во Челзи и го напушти Брајтон со кој му одеше одлично. Сепак, во Челзи ги немаше посакуваните резултати и не го дочека крајот на сезоната. Од друга страна Брајтон и без него одигра одлична сезона.

По лошите резултати со Челзи нема премногу понуди, но сега е на мета на Лестер кој е пред преселба во понизок ранг. Пред Брајтон Потер ги водеше Свонси, Естерсунд и Лидс Карнеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома сонува да го врати Салах

Рома планира да го искористи јануарскиот трансферен прозорец на начин кој ќе ги зголеми се…