Дома Фудбал Англија „Граѓаните“ бараат итен состанок: Ова повеќе не може вака, без санкции страдаат само нашите фудбалери!

„Граѓаните“ бараат итен состанок: Ова повеќе не може вака, без санкции страдаат само нашите фудбалери!

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити побара состанок кај судиската организација на ПЛ, по повод острите стартови на кои беа изложени играчите на изминатите натпревари.

Како што денес пренесува „Скај“, управата на Сити испратила писмо до шефот на здружението на професионални судии во ПЛ, Мајк Рајли, бидејќи се незадоволно од острите стартови кои ги правеа протвничките играчи во изминатите недели.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Сити, Сане закрепнува од повреда на скочниот зглоб која ја заработи по стартот на играчот на Кардиф, Џо Бенет во текот на мечот од ФА Купот. Бенет заработи жолт картон, а набрзо беше исклучен ппоради втор жолт во вториот инцидент.

Фил Фоден изминатата недела се врати на тренинзите, по повредата со која се здоби на мечот со Лестер во декември.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола побара неодамна судиите повеќе да ги штитат фудбалерите од острите стартови. Освен повредата на Сане и Фоден, Сити во писмото укажа на острите стартови на кои беа изложение Кевин Де Бруин, Дијас, како и Гундоган, а во тие ситуации не е покажан ниту еден црвен картон кон противничките играчи.

Првопласираната екипа во Премиер лигата, Манчестер Сити наведе и дека сака да разговара за ретроактивните казни за острите стартови кои не беа соодветно санкционирани на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…