Во период од 3-6.07.2023 претставници на Европската фудбалска асоцијација Пер Равн Омдал (долгогодишен член на управен одбор на УЕФА и нејзин поранешен потпретседател; како и УЕФА Грасрут амбасадор ) и Владимир Луптак (УЕФА Грасрут ментор на ФФМ) беа во работна посета на ФФМ.
Од страна на претставниците на УЕФА беше обавена унифицирана евалуација спроведена од претставници на ФФМ а со цел да се оцени имплементацијата и вклученоста на ФФМ во Грасрут-аматерскиот фудбал. Самиот процес претставува алатка за поддршка на Грасрут- фудбалот поврзан со недвосмислената поддршката на УЕФА за ФФМ за периодот кој следи согласно со УЕФА Грасрут Чартерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дел од работилницата беше SWOT анализа, а се одржаа и работилници со одделни оддели на ФФМ во врска со грасрут фудбалот и други работилници на теми училишен фудбал, флексибилни формати за игра, фудбал за разни социјални групи, футсал, тренерска едукација, регрутирање судии, развој на клубови, дигитални системи, дата база и маркетинг. При самата посета и работилница беше извршена проценка на вклученоста на одделните сектори во грасрут фудбалот со цел иден развој, а меѓу другото беа отворени можностите за креирање на долгогодишен план во согласност со стратешкиот план на ФФМ.
„Претставниците на УЕФА беа детално информирани за Грасрут активностите на ФФМ и начинот на нивна реализација каде беа назначени клучните активности и приоритети на ФФМ во рамките на Грасрут фудбалот. Беше особено корисно да се слушнат и искуствата и добрите пракси од имплементирани Грасрут проекти од страна на други Европски фудбалски асоцијации кои би биле применливи во нашето опкружување“ изјави Бојан Марковски, Грасрут координатор на ФФМ.
„Веруваме дека овие работилници беа корисни за сите вклучени и ќе помогнат со цел натамошен развој и релизација на Грасрут програмите, затоа што тие претставуваат рефлексија каде сме моментално во Грасут фудбалот и во кои области можеме да напредуваме, а сето тоа во согласност со принципите и областите опфатени во Грасрут Чартерот на УЕФА“, додаде Филип Поповски, Генерален секретар на ФФМ.