На денешната свечена церемонија, во организација на Град Скопје и Сојузот на Спортови на Скопје, „Избор на најуспешни спортистики и спортисти, тренер на Град Скопје“, беа наградени најуспешните во спортот за 2021 година.
На наградените им беа доделени признанија (плакети), од страна на Градоначалничката на Град Скопје како и од членови на Советот на Град Скопје, во согласност со „Правилникот за критериумите, условите и постапката за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ и во согласност со одлуката на „Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, и доделување на награди и признанија“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најуспешните беа избрани во следните категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.
Најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се: Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел, Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар, Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион, Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион, Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол, Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол, Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта, Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички, Филип Дерковски – Пливачки Ватерполо клуб Орион, Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта.
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) се: Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол, Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007, Марија Спировска – Боречки клуб Вардар, Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус, Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион, Калин Ивановски – Тениски клуб Југ, Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион, Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички, Мила Младеновска – Карате клуб Работнички, Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР ДООЕЛ.
За Најуспешен тренер e награден Др. Борче Костовски – Таеквондо клуб Бутел, а признанието за Најуспешен спортист – странец, кој настапува во екипа од Скопје му е доделено на Анте Гаџа – АД Ракометен клуб Вардар.
Во категоријата Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост прогласени се Андреј Стојановски – “Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“ и Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон, а во категоријата Перспективен млад спортист – кадет, награден е Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје.