Дома Трансфер зона Го сметаа за наследник на Роналдо, но Мурињо го избрка од Јунајтед, а сега би можел да заврши во Реал

Го сметаа за наследник на Роналдо, но Мурињо го избрка од Јунајтед, а сега би можел да заврши во Реал

Мемфис Депај го напушти Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Жозе Мурињо, бидејќи не сметаше на неговите услуги.

Холанѓанецот во француската лига игра подобро, постигнува голови и асистира, но прашањето е како би успеал во некој поголем клуб. Сепак, тој даде храбра изјава дека еден ден ќе заигра во Реал Мадрид, бидејќи тоа е неговиот најголем сон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Верувам дека еден ден ќе играм во Реал Мадрид. Тоа е моја цел. Бог тоа најдобро го знае, тој ќе ми помогне да го остварам сонот“, изјави Депај.

23-годишниот Депај во јануари минатата година пристигна во Лион, а до сега постигна осум гола на 27 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…