Дома Фудбал Германија Го сметаат за наследник на Анчелоти: Карло има повеќе титули отколку јас долен веш!

Го сметаат за наследник на Анчелоти: Карло има повеќе титули отколку јас долен веш!

Младиот германски стратег, Јулијан Нагелсман е вистинска сензација во Бундеслигата но и во Европа после одличните резултати кои ги остварува со Хофенхајм.

Нагелсман го сметаат за наследник на Карло Анчелоти на кормилото на Баерн Минхен, а шпекулациите додатно се засилија откако самиот призна дека сонува еден ден да ги предводи Баварците.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Му испратив порака на господинот Анчелоти и лично му се извинив за таа изјава. Тоа мое интервју нема никаква врска со моменталната ситуација и не треба да се разбере дека јас така му се нудам на Баерн Минхен. Имам огромен респект кон Анчелоти, сепак тој има повеќе освоени титули отколку јас што имам гаќи во плахарот“, изјави Нагелсман.

Германските медиуми сепак тврдат дека Нагелсман е кандидат број еден за столчето на „Алијанц Арена“, откако ќе замине Карло Анчлелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Голем гест на Алесандре Пато: Помогна на семејство на девојка која трагично го загуби животот

Поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, Бразилецот Александре Пато (35), понуди финансиска …