Дома Трансфер зона Го сакаа Барса и Реал, а тој го избра ПСЖ, па сега се кае

Го сакаа Барса и Реал, а тој го избра ПСЖ, па сега се кае

Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, па интерес за него покажуваа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, но на крајот ПСЖ ја доби битката за неговиот потпис.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Светците“ за 24 милиони евра го доведоа Шпанецот во Париз и со него потпишаа 4-годишна соработка.

Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.

Тој често е на клупата за резерви и медиумите тврдат дека го известил агетот да му бара нов клуб бидејќи на лето сака да го напушти ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…