Дома Трансфер зона Го сакаат Интер и Атлетико, но менаџерот потврди: Големи се шансите да потпише за Наполи

Го сакаат Интер и Атлетико, но менаџерот потврди: Големи се шансите да потпише за Наполи

napoli

Eкипата на Наполи наредната сезона би можела да биде посилна за уште еден одличен играч за врска.

Играчот од средниот ред на Сампдорија, Лукас Тореира, би можел да го засили Наполи во летниот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер и Атлетико Мадрид се исто така заинтересирани за овој 22 годишен фудбалер, но според зборовите на неговиот менаџер Наполи е најблиску до неговиот потпис.

„Да, големи се шансите да потпише за Наполи. Остануваат да се договорат уште неколку детали и се да биде завршено“, изјави менаџерот на фудбалерот.

Менаџерот потоа беше запрашан за цената на фудбалерот.

„Цената не е моја работа, за тоа ќе мора да ги прашате луѓето во клубот“, одговори Пабло Бентакур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…