Дома Луд Спорт Го поздрави светот: Сефте кадро од новородената ќеркичка на Роналдо

Го поздрави светот: Сефте кадро од новородената ќеркичка на Роналдо

Алана Мартина е четвртото дете, прво од позната мајка, за фудбалскиот ас Кристиано Роналдо, а гордата мама Георгина веќе се пофали на Инстаграм со новороденото бебенце.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу сме среќни и сме му благодарни на Бог за здравјето на нашата Алана Мартина и се разбира, на нашите три други деца, кои ги опсипувам со прегратки и бакнежи. Прекрасно е да се види како мојата мајка ја смирува Алана Мартина во нејзината прегратка. Не би го заменила тоа чувство за ништо на светот. Ги сакам моите родители, го сакам моето семејство. Ви благодарам на сите!“, се дел од нејзините зборови во заблагодарувачката порака која ја напиша Георгина покрај фотката.

Роналдо ја сподели веста за раѓањето на девојчето со фотографија од болницата во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Змија прекина меч во Србија, го гризна и судијата🎥

На натпревар од градската фудбалска лига во Србија, помеѓу Горно Синковце и Радник Шишинац…