Лиоенл Меси се опорави од повредата на раката многу побрзо отколку што се очекуваше и би требало да настапи против Интер во Лигата на шампионите.
Првите прогнози беа дека ќе паузира три недели, но изгледа ќе се врати многу побрзо.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Според последните најави Меси ќе се врати на терените веќе во натпреварот против Интер во Лигата на шампионите.
Барселона и без Меси успеа да победи на три натпревари во низа, но помошта од таков „волшебник“ сигурно ќе им биде од голема корист.
„Мислам дека сите играат подобро кога Меси е во тимот. Сепак, за конечна одлука ќе го почекаме тренингот пред патот за Милано“, изјави Валверде.