Дома Трансфер зона Го имаме првиот фаворит за потписот на Торес, но има проблем – платата

Го имаме првиот фаворит за потписот на Торес, но има проблем – платата

Легендарниот италијански напаѓач Фернандо Торес (34) неодамна најави заминување од Атлетико на крајот од сезоната.

„Ел Нињо“ се одлучи и по втор пат да се прости од Атлетико, а кариерата според сегашната ситуација најверојатно ќе ја продолжи во американската МЛС лига.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку американски клубови покажаа интерес за Торес, но овој момент најголем фаворит за неговиот потпис е екипата на Чикаго Фајр.

Овој клуб ќе се обиде да го искористи пријателството помеѓу тренерот на тимот Велјко Пауновиќ и Торес кои беа соиграчи во тимот од Мадрид. Во овој момент единствен проблем е платата на Шпанецот.

Торес бара четири милиони долари по сезона, додека Чикаго му нуди два и засега тоа е „кочницата“ во преговорите.

Доколку сепак дојде до договор Торес во американскиот клуб ќе му се придружи на поранешниот германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер кој веќе втора сезона го носи дресот на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…