Наскоро би требало да очекуваме и официјализирање на соработката!
Прославениот фудбалер на Челзи, Џон Тери се наоѓа во Москва каде што наскоро би требало да ги помине медицинсите прегледи и да потпише договор со Спартак Москва, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вила Стијарт“ е базата во која сите нови фудбалери на рускиот гигант ги одработуваат медицинските прегледи, а Англичанецот е доведен како принудно решение, поради повредата на Французинот Самуел Гиго.
Легендарниот стопер на Челзи на крајот на сезоната ја напушти Астон Вила откако му истече договорот, а во текот на целото лето се поврзуваше со бројни екипи, а сега како слободен играч се приклучи на Спартак Москва.
Неодамна срамежливо се споменуваше и Манчестер Јунајтед, но сега е јасно дека од тоа нема да има ништо.