Играчот за врска на Севиља, Пабло Санабрија е најновото засилување на ПСЖ, откако „светците“ одлучија да ја платат неговата откупна клаузула.
Шпанските медиуми потврдија дека Санабрија се договорил со ПСЖ и францускиот клуб ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 20 милиони евра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Севиља имаше обиди да го обнови договорот со играчот и му понуди големо зголемување на платата, но Санабрија одлучи да се пресели во Париз.
Реал Мадрид исто така имаше интерес кон 27-годишниот играч за врска, но ПСЖ ја победи конкуренцијата.
Санабрија одигра фантастична сезона во Севиља, постигна 23 гола и запиша 17 асистенции.