Германскиот гигант Баерн Минхен ќе ја искористи опцијата во договорот и за 42 милиони евра целосно ќе го откупи Хамес Родригез од Реал Мадрид, пренесува „Марка“.
Имено, три месеци пред стартот на преодниот рок, раководството на Баерн веќе донесе една одлука – Хамес Родригез сигурно останува на „Алијанц Арена“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумбиецот минатото лето пристигна на двегодишна позајмица за која Баварците платија 13 милиони евра, а во договорот имаат опција целосно да го откупат за додатни 42 милиони.
Хамес одлично се знајде во Минхен и оваа сезона има 5 гола и 11 асистенции на 28 натпревари, што ги натера челниците да го откупат неговиот договор.
26-годишниот Хамес исто така има желба да остане во Минхен, а кога ќе биде активирана клаузулата, тој автоматски ќе стане сопственост на Баерн до 2022 година.
„Марка“ тврди дека повеќе нема дилема – Хамес Родригез останува Баварец