Синоќениот натпревар против Каен во Лига 1 најверојатно беше последниот натпревар за Хавиер Пасторе во дресот на Пари Сент Жермен.
Тоа пред мечот го најави неговиот агент Симониан, кој веќе подолго време работи на неговиот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вечерва најверојатно ќе биде неговиот последен натпревар за Пари Сент Жермен“, изјави Симониан.
Пасторе оваа сезона многу ретко добива шанса од Унаи Емери, па сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
„Не знам дали ова беше мојот последен натпревар во ПСЖ, ќе видиме што ќе се случи наредните денови“, изјави Аргентинецот после натпреварот.
ПСЖ нема против да го пушти Пасторе доколку пристигне понуда, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува милански Интер.