Француските и германските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен го договорил трансферот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг за 70 милиони евра.
Претходните денови Обамејанг постигна комплетен договор со „светците“, дури медиумите потврдија и дека купил куќа во Париз, па остануваше само уште двата клуба да се договорат околу отштетата.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Денес најеминентните медиумите од Франција и Германија потврдија дека двата клуба постигнале договор и трансферот ќе изнесува 70 милиони евра.
Според истите избори Обамејанг ќе потпише четиригодишен договор со ПСЖ според кој ќе заработува неверојатни 14 милиони евра по сезона.