Дома Фудбал Италија Готово: Милан се договори со новиот тренер, се враќа и Бобан

Готово: Милан се договори со новиот тренер, се враќа и Бобан

Италијанските медиуми потврдија дека се е договорени и дека нов тренер на Милан ќе биде Марко Џампаоло.

Актуелниот тренер на Сампдорија веќе постигнал комплетен договор со „росонерите“ и ќе потпише двегодишен договор, а на „Сан Сиро“ ќе заработува 2 милиони евра по сезона.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Џампаоло во понеделник ќе има средба со претседателот на Сампдорија каде спогодбено ќе го раскине договорот, а потоа ќе биде промовиран во нов тренер на Милан.

Овој 51-годишен стратег во кариерата водеше голем број на тимови. Трите претходни сезони ги помина во Сампдорија, а претходно ги предводеше Емполи, Кремонесе, Катанија, Сиена и Каљари.

Џампаоло во Милан доаѓа како избор на Паоло Малдини, кој ќе има одврзани раце на одлучување и ќе биде технички директор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Малдини го убедил и Ѕвонимир Бобан да се врати на „Сан Сиро“ каде ќе му биде дадена директорска функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…