Вчера како „бомба“ одекна веста дека Интер се повлекува од преговорите и дефинитивно се откажува од Ромелу Лукаку.
Причината за тоа е што Лукаку пред извесно време започнал преговори со Јувентус и му дал приоритет на „бјанконерите“, па „нероаѕурите“ дефинитивно се откажале од Белгиецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Скај Италија“ пренесува дека Лукаку има комплетен договор со Јувентус, каде ќе заработува 10 милиони евра по сезона, и само се чека комплетирањето на трансферот на Влаховиќ во ПСЖ.
Јувентус му понудил поголема плата на Лукаку, кој не сакал повеќе да го чека Интер и му кажал ДА на најголемиот ривал на „нероаѕурите“.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во наредните денови, а Јувентус за неговиот потпис на Челзи ќе му плати 40 милиони евра.