Сега веќе е и потврдено екипата на Интер го доби седмото засилување во овој преоден рок.
Жоао Кансело е нов фудбалер на Интер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кансело денес беше претставен на друштвените мрежи како ново засилување на „нероаѕурите“, се работи за позајмица од една година со опција за откуп на крајот од сезоната.
Како што споменавме ова ќе биде седмо засилување за Интер, претходно во клубот пристигнаа Матијас Весино, Милан Скринар, Далберт, Факундo Калидо, Борха Валеро и Даниеле Падели.
Овој 23 годишен фудбалер ќе го носи дресот со број 7.
Иначе се работи за фудбалер кој настапува на десната бековска позиција и одлично се снаоѓа и во офанзивните задачи. Кансело е репрезентативец на Португалија за која одигра пет натпревари и постигна три погодоци.
?✍️ Ufficiale: João #Cancelo è nerazzurro!
? https://t.co/JoJCGb4ScR #WelcomeCancelo #InterIsComing #FCIM pic.twitter.com/xPudSehKAM
— F.C. Internazionale (@Inter) August 22, 2017