Дома Фудбал Италија Готово: Ибра потпиша, утре пристигнува во Милано

Готово: Ибра потпиша, утре пристигнува во Милано

Сагата заврши, Златан Ибрахимовиќ и следната сезона ќе игра во Милан.

Искусниот напаѓач кончено постигна договор за продолжување на договорот со Милан и утре ќе пристигне во Милано.

Ибрахимовиќ ќе стави потпис на едногодишен договор според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона, сума која нема да биде зависна од никакви бонуси.

Двете страни подолго време водеа преговори, Милан му нудеше 6 милиони евра плус 1 милион во вид на бонуси, но на крајот ги задоволи барањата на Швеѓанецот.

Ибра утре ќе стави потпис на договорот, ќе му биде направен ПСР тест, а потоа ќе им се придружи  на соиграчите во припремите за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен го разгледува Ник Попе како замена за Нојер

Баерн Минхен размислува за ангажман на голманот на Њукасл Јунајтед, Ник Попе, како дел од …