Изгледа е завршен првиот голем трансфер во Шпанија.
На Атлетико Мадрид не му требаше многу време да пронајде замена за Диего Коста со кого беше раскината соработката. Во редовите на „јорганџиите“ Коста ќе биде заменет од Муса Дембеле кој веќе ги помина медицинските прегледи и преостана уште само да го стави потписот на договорот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
24 годишниот Французино во актуелниот лидер на табелата во Примера пристигнува на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната.
Дембеле сезонава не може да се пофали со некоја посебна статистика бидејќи на 16 натпревари постигна само еден гол.