Дома Трансфер зона Готово е: Објавени деталите – Депај станува нов играч на Барселона!

Готово е: Објавени деталите – Депај станува нов играч на Барселона!

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Мемфис Депај се согласил на условите кои му ги понудила Барселона.

Откако Роналд Куман ја превзема Барселона се појавија информации дека Каталонците сакаат да го доведат Депај од Лион. Пред неколку дена „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона и Депај се договориле и дека сега се чека само договор помеѓу клубовите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо сега објави дека Барселона и Лион се договориле и повеќе нема пречки за Депај да се пресели на „Камп Ноу“.

Депај со Барселона ќе потпише договор до 2024 година, а Лион од трансферот ќе заработи вкупно 32 милиони евра. Барса веднаш ќе плати 25, пет ќе бидат исплатени во наредната сезона, а уште два преку разни бонуси.

Се очекува до крајот на оваа недела Депај да биде претставен како нов играч на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…