Дома Трансфер зона ГОТОВО Е: Коста претставен во Атлетико со новиот број на дресот

ГОТОВО Е: Коста претставен во Атлетико со новиот број на дресот

Шпанскиот напаѓач, Диего Коста денес конечно е официјално претставен во својот старо-нов клуб Атлетико Мадрид, во кој летово пристигна од Челзи.

Поради забраната на Атлетико за регистрација на нови фудбалери, Коста беше принуден да почека неколку месеци за своето деби за „Јорганџиите“, а до крајот на 2017. година ќе стекне право да заигра за својот клуб.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Среќен сум што се вратив во својот клуб. Сакам да се заблагодарам на сите во Атлетико што вложија голем напор ова да се оствари. Одвај чекам повторно да заиграм“, порача Коста.

Интересно, Диего Коста во Атлетико го избра бројот кој досега не го носел – 18. До сега неговиот омилен број беше 19, кој го носеше во Челзи, Рајо Валекано и Атлетико, во кој некогаш го носеше и дресот 22.

Диего Коста за Атлетико би требало да дебитира веќе на 3. јануари во дуелот од Купот на Кралевите против Леиде, или три дена подоцна во Ла Лига против Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола беше бесен: На прес-конференција ја повтори истата реченица четири пати

Пеп Гвардиола не го криеше своето незадоволство откако неговиот Манчестер Сити во сабота н…