Јулијан Дрекслер беше еден од најбараните фудбалери во зимскиот преоден рок, а неговиот трансфер во ПСЖ и официјално ќе биде потврден следната недела.
Германски „Билд“ тврди дека Волфсбург ќе добијат 36 милиони евра со уште потенцијални 10 милиони евра на сметка на бонуси, но од целиот трансфер добро ќе заработи и Шалке.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Екипата од Гелзенкирхен минатата година го продаде Дракслер, а Волфсбург тогаш плати исто така 36 милиони евра. Но, Шалке се осигура со клаузула според која во случај на нова продажба на играчот, ќе треба да добие дополнителни 7 милиони евра.
Така и дефинитивно е решена една од најголемите трансфер мистерии оваа зима, а Дрекслер сигурно ќе биде еден од најскапите јануарски трансфери.