Кога Манчестер Сити ќе го заврши настапот во Лигата на шампионите, а тој ќе потрае уште затоа што „граѓаните“ вчера го елиминираа Реал Мадрид, Давид Силва ќе отпатува во Рим на потпис на на договор со Лацио.
Искусниот шпански фудбалер се договори со Римјаните и ќе биде големо засилување за клубот од Рим во наредните две сезони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува „Газета дело Спорт“ Силва и Лацио се договориле и договор ќе биде потпишан на две, плус една година, а шпанскиот фудбалер ќе заработува четири милиони евра. Самиот Силва се уште не се огласил по повод овој трансфер, меѓутоа неговиот татко скоро и да го потврди трансферот.
„Давид навистина го сака италијанското првенство и сметам дека таму би можел да игра до 40 години. Лацио? Би бил навистина среќен ако игра во Рим“, изјави Фернандо Силва.
Освен ова се пишува дека Давид Силва веќе телефонски разговарал со Луис Алберто, играчот за врска на Лацио кој детално го упатил во квалитетите на тимот и условите за игра.